Игор Џамбазов: Моето Прво Обраќање… …до интернет нацијата.

0
610
igor-blinks
Драги мои интернет пријатели и непријатели!
Од денес, па во далечната иднина, на ова исто место – еден од најпопуларните сајтови во државава, конечно ќе се дружиме како луѓе. После толку многу лажни профили на мое име, фалш објави во мое име и познати мисли од големите светски умови напишани под моето име, еве сме конечно на вистинското место.
Сите рубрики ќе носат наслов на една од моите популарни песни. За почеток тоа ќе бидат: КАКВА Е ОВАА СИТУАЦИЈА?…ХОТЕЛ МАКЕДОНИЈА И ДИШИ ДЛАБОКО…
Од Вас очекувам активно да учествувате во креирањето на ова мое мало и скромно катче. Со нетрпение ги очекувам Вашите писма, фотографии, видеа и коментари.
Ве сака, вечно Ваш – Игор…
П.С. Ако имате намера да го дрвите за политика – НА ПОГРЕШНО МЕСТО СТЕ!!!