Доколку пресудата станеше правосилна јас ќе имав право да обжалам и да си ја барам правдата во сите инстанци до крај. Јас во овој случај сум оштетен и продолжив правдата да ја барам во Стразбург. Седев и разговарав со обвинителот каде во очи ми беше кажано дека немам ништо од тоа за кое ме обвинуваат.Тоа го тврдам под морална и јавна кривична одговорност.Во имотниот лист околу зградата фигурираше татко ми затоа што во Велес сме имале три приватни аптеки, моите се сега пензионери така да од тие причини.
Околу спорниот имот на Јанушеви во висина од 320.000 евра, возилото е купено на старо во 2017 година за 30.000 евра. Нека го испитаат предметот во врска со наплата од запленетиот имот на Мијалков, и дали тука нема оштетено буџет. Од тие 30 милиони евра наплатени се само 300 до 350 илјади евра.
Игор Јанушев во подкастот ,,На кавга со Иван”