ИВО МАЛИНОВСКИ ПОБАРА ПРОФЕСОРКАТА ФРОСИНА РЕМЕНСКИ ЈАВНО ДА МУ СЕ ИЗВИНИ И ДА ГИ ПОВЛЕЧЕ НЕЈЗИНИТЕ ОБЈАВИ ОД НЕЈЗИНИОТ ФЕЈСБУК ПРОФИЛ ПРОТИВ НЕГО А ПОТОА ДА ГИ ПОВЛЕЧЕЛА ОД МЕДИУМИТЕ КОИ ГО СПОДЕЛИЛЕ НЕЈЗИНИОТ СТАТУС?!

0
5030

ДО

Фросина Ташевска Ременски

ПРЕДМЕТ: Барање за извинување и јавно повлекување на текст и изјава

На ден 17.01.2023 година на Вашиот Facebook профил имате објавено пишана изјава со наслов „ИВО САЈБЕР – АЈКУЛА – „ПРЕДАТОР“ ВО МОРЕ ОД ПРОФИТ, ИЗИГРАНИ ЗАКОНИ И ШПИОНАЖА (дел 1), како и во „Студио 10“ на Телевизија 24 имате изнесено невистинити факти штетни за мојата чест и углед.

Првенствено, самиот наслов е клеветнички, односно содржи невистинити факти за мене, бидејќи од целокупната содржината на вашата анализа никаде не изнесувате докази со кои ги поткрепувате ваквите наводи.

Во поглед на содржината на анализата укажувам на следното:

Во Вашиот текст наведувате моја наводна поврзаност со настаните од 27.04.2017 година или во јавноста попознат како „Крвавиот Четврток“, што е груба лага и ваквото мое поврзување создава лажна претстава во јавноста дека и јас сум бил дел од тој трагичен настан.

Понатаму, наведувате дека истиот тој месец март 2017 година, во соработка со „неофицијални Израелци“ прикриено сум основал правни лица со називите „САЈШАРК“ и „САЈТРОКС“ кои незаконски произведувале софтверска апликација за следење на комуникации и од тоа друштвата правеле милионски профити како што наведувате со или без дозвола на МВР. Ваквите наводи ги „докажувате“ со барања доставени од наведените правни лица и завршните годишни сметки.

Прво, дека оваа Ваша анализа е ништо друго освен намера да се наштети на мојата чест и углед укажува и вашиот заклучок дека можно е фирмите да правеле милионски профити со дозвола на МВР, а во Вашиот текст, исто така, наведувате дека е и можно да немаат дозвола од МВР.

Па сега што е заклучокот кој што сакате да и го презентирате на јавноста е навистина нејасно. Од ваквите Ваши спротивни аргументи, може да се заклучи дека вие не само што не изнесувате никакви докази да ја поткрепите Вашата анализа, туку имате намера да изнесете невистинити факти во јавноста со цел да наштетите на мојата чест и углед.

Понатаму, во Вашиот текст зборувате за два параметри на кои што Ви се темели анализата, а тоа се барањата до МВР и завршните годишни сметки, што е апсолутно неповрзано. Врз основа на овие два параметри, Вие во јавноста намерно презентирате невистинити факти и изведувате погрешен заклучок, што претставува груба лага и на овој начин не само што правите штета на мојата чест и углед, туку и лажно претставувате во јавноста дека сум сторил и сеуште сум сторител на кривични дела.

Споменатите две друштва имаат дејност компјутерско програмирање, што не подразбира како што вие инсинуирате „производство, нудење на продажба, увоз, извоз, реекспорт или држење на средства за следење на комуникациите“. Друштвата работеле во IT индустријата и имале приходи по други основи, надвор од тоа што вие презентирате за наводни софтвери за следење на електронски комуникации.

Навистина е нејасно како сте дошле до овој заклучок само од анализа на годишни завршни сметки, кога во тие документи воопшто не стои по кој основ биле приходите на друштвата. Несериозно и тенденциозно е да презентирате во јавноста дека јас, врз основа на годишни сметки од правни лица, сум организирал и произведувал софтвер за следење на електронски комуникации.

Дека кај Вас постои намера да наштетите на мојата чест и углед одите и до тој степен во „Студио 10“ емитувана на Телевизија 24 на ден 19.01.2023 година изнесувате лаги во јавноста дека јас сум бил дел од некаква странска агентурна мрежа што врши шпионажа, како и дека овие две правни лица вршеле незаконско следење на комуникации, без притоа да презентирате ниту еден материјален доказ за ваквите обвинувања.

За жал, Вие не само што не престанавте да ширите лаги, туку продолжувате и понатаму.

На ден 22.01.2023 година на вашата Facebook страна имате повторно објавено текст со наслов: „ФАМИЛИЈА, ЗАТАЈУВАЊЕ ДАНОК, ШПИОНАЖА, МАРОКАНСКИ КОНЗУЛАТ И МОЛК НА ИНСТИТУЦИИТЕ (2)‼“, кој наслов содржи невистини и лаги дека јас сум затајувал данок и сум вршел шпионажа.

Лага, како и се останато, е дека институциите кои ги повикувате не извршиле контроли согласно закон.

Со оглед на се од горенаведеното, го доставувам ова барање за извинување и јавно повлекување на текст и изјава како што е наведено погоре во рок од 8-осум дена од денот на приемот, да се извините на ист начин како што се пренесени невистинитите факти, истите да ги повлечете од Вашиот Facebook профил и други средства за јавно информирање.

Само за напомена, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, Вие ќе бидете должни да ја докажувате вистинитоста за изнесените наводи.

Скопје, 23.01.2023 година                                                                                                                          Барател:                                                                                                                      Иво Малинковски