При денешната посета на министерот за Култура, Зоран Љутков, ставивме акцент на најважните проекти во Општина Штип: реставрација на тврдината Исар, реставрација на старите куќи во Ново Село, поголема поддршка во промоција и зачувување на културата во нашиот град.
Ова се проектите на кои што заеднички се заложивме да работиме во идниот период, за Штип да го добие посакуваниот изглед и квалитет на живот.