Иванов им плукна во фаца на семејствата на убиените кај Смиљковското Езеро

0
651

Осврнувајќи се на денешните настани и на НАЈИДИОТСКАТА одлука направена во историјава на земјава, една работа силно ме погоди до срж.

Хорхе го обзнани својот општ акт за прекин на сите кривични постапки против лица на опозицијата и на власта, точно на денот на 4-годишнината од масакрот кај Смиљковското Езеро. Токму тој масакр, за којшто постои сомнение или повод за сомнение (поради најавите на СДСМ лани) за поведувања обвинителни акти кои би произлегле од незаконски прибавените аудио-материјали (читај: преку СЈО) или т.н. “бомби на опозицијата”.

Хорхе Иванов им плукна во фаца на семејствата на убиените, уринираше врз гробовите на тие млади деца и исфрли фекалија врз граѓаните на Р. Македонија, со тоа што на истиот ден на споменот на убиените – 12-ти април, донесе општ акт, со кој нема да може да се покрене никаква постапка за овој грозоморен чин и до крај да се расветли вистината за “Смиљковското Езеро”.

Монструм е ликот, кој од “глувонем” денеска за себеси помисли дека е апсолутен монарх на оваа држава и одлучи да се обрати на нацијата, без да побара дозвола од некого да си стави круна сечена, лепена, креирана и монтирана од фантомски избирачки ливчиња.

Нека почиваат во мир децата!

Огнен Јанески – Фејсбук статус