Aтлетичарот Дарио Ивановски утре ќе ја претставува Македонија на Летните Олимписки игри во Париз, а во денешната изјава пред трката порача дека се чувствува подготвено и мотивирано. Ивановски порача дека е во одлична форма и очекува да биде во првата половина.
„ЦЕЛИОТ ЖИВОТ СЕ ПОДГОТВУВАМ ЗА ОВОЈ НАСТАП. ОВИЕ ТРИ НЕДЕЛИ ОДЛИЧНО ЈА ТЕМПИРАМ ФОРМАТА. МОЈАТА ФОРМА СЕ ЗГОЛЕМИ И ЕНЕРГИЈАТА Е ПРЕКРАСНА СО СИТЕ СПОРТИСТИ ОКОЛУ МЕНЕ. СЕ ЧУВСТВУВАМ ПОДГОТВЕН ЗА ПРЕДИЗВИКОТ. ОЧЕКУВАМ ДА БИДАМ ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА И ДА ИСТРЧАМ ДОБРА ТРКА. САКАМ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ДА УЖИВА“, ИЗЈАВИ ИВАНОВСКИ.
Трката француската престолнина е закажана за утре со почеток од осум часот. Ивановски ќе биде и последниот македонски олимпиец кој ќе ја претставува Македонија во Париз.