Ивана Гиновска од Куманово официјално е нов директор на Државниот инспекторат за животна средина.
Гиновска е родена во Скопје 1989 година и е магистер на економски науки – маркетинг менаџмент.
Своето работно искуство го започнала како банкарски службеник, по што работела во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово и во ЈП „Куманово паркинг“.
Член е и на Управниот одбор на заедничкото јавно претпријатие за управување со топад ЕкоИсток – Североисток.
На последните парламентарни избори годинава беше кандидат за пратеник во изборна единица 2 на листата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
На местото директор на Државниот инспекторат за животна средина е назначена од владата и ќе го замени досегашниот раководител Сретен Стојковски.