Ибрахим за средбите со контроверзниот бизнисмен Пекер : Тој ни е стар пријател, имаше средба и со ВМРО ДПМНЕ

0
320

Контроверзниот Турчин Седат Пекер, еден од оние што се споменуваа дека добиле фалсификуван македонски пасош со туѓ идентитет, за време на престојот во земјава се сретнал и со пратеникот на партијата Движење на Турците, Енес Ибрахим, која е дел од владејачката коалиција на премиерот Зоран Заев.

-Пекер ни е стар пријател, додека престојуваше во Македонија имаше средби со бизнисмени, инвеститори, уметници, политичари, тоа не е нешто тајно. Имаше средба и со албански политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, како и со градоначалниците. Имаше средби и со дипломати. Според моите информации, за г-дин Пекер нема потерница или меѓународна потерница и често патува низ разни држави и во регионот и надвор од регионот – рекол Ибрахим за ТВ 21.

Тој посочи дека Заев не се сретнал со Пекер, но дека бил информиран за средбите.