Thursday, April 24, 2025
17.8 C
Skopje

Ибраимоски: Грда ви е Владата, болна ви е државата

Драги протестанти, католици, муслимани, христијани, атеисти, адвентисти и сите други по вера, убедување, совест и однесување. Држава со огромна сиромаштија не ја бива. Држава со толкава невработеност не ја бива. Држава со енормна задолженост не ја бива. Грда ви е Владата, болна ви е државата! Оваа зграда ја излепивте со стиропор. Па да ви одговара. Државата ви е во бели болнички чаршави и завои.

samka-ibraimoski

Со таква порака вчера своето обраќање на дебатата пред Владата го почна Самка Ибраимоски, лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите во Македонија (ПЦЕРМ).

– Подигнете бело знаме, па да завршиме се во бело! Така тргнало, така и ќе заврши. Ќе остане само стирoпорот од вас. Но, ние Ромите брзо ќе го разчистиме. Но, на кого ќе му го продадеме, мајко мила?

Општа корупција, корупција на сите нивоа, а вртлукот на корупцијата е токму во оваа стриропорна зграда. Стиропорот е добар изолатор, топлотен и звучен, но најмалку може да го прикрие вашето коруптивно однесување.

Политичките бомби на опозицијата ве разголија до коска. Никој повеќе ништо не ви верува. Никој нема кој не е убеден дека токму ваквата Влада, Владата на Никола Груевски е нацрното зло на Република Македонија.

Дојдовте со ветување дека ќе ја преродите Република Македонија на економски, социјален, културен план, а остваривте корупција, криминал и измами.
Заборавивте дека без развој на демократските процеси, почитувања на човековите права и слободи и без важењето на правото нема економски, социјален и културен напредок – рече Ибраимоски.

Секој втор жител е сиромав! Секој втор. Па каде го има тоа? Која е смислата на постоењето? Која е смислата воопшто на постоењето на оваа власт. Зошто тогаш ни треба ваква Влада? Владата како да има единствена цел да ги осиромашува сопствените граѓани! Таа зела мандат од сопствените граѓани, за момент да ги занемариме изборните манипулации: поткупувања, принуди, уцени и слично, за да ги осиромашува сопствените избирачи? Па таа Влада во тој момент кога започнал процесот на осиромашување на сопствените граѓани, таа Влада во тој момент го изгубила мандатот, рече лидерот на ПЦЕРМ.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

МАЖ ВО ПРИЛЕПСКО МАЖУЧИШТЕ ЗАГИНА ОД УДАР НА ГРОМ

Маж загина од удар на гром во Прилепско, соопшти...

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ПРОЕКТИРАНИОТ РАСТ ОД 3,7 ОТСТО Е РЕАЛЕН

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во Вашинтон,...

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА „РЕКОРД“, ДОШЛЕ ЕКИПИ НА ИТНАТА ПОМОШ

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на „Рекорд“ во...

ТРАМП: БЛИСКУ СМЕ ДО ДОГОВОР СО ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека има...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ