Ибраимовски: Проверката на избирачкиот список е катастрофална

0
441

Контролите на Избирачкиот список ги вршат административци од власта и имаме сознание од нашето членство на терен, посебно во Шуто Оризари дека проверките се катастрофални, реагираат денеска од Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР).

-Некој не дава документи, некого прескокнуваат, нема одговорност на потпишувачот се поминува колку да се каже дека провериле. Затоа нашата партија не верува во проверката на избирачкиот список и не верува дека податоците се точни. Уште еднаш потврдуваме дека во Македонија ја нема бројката која ја прикажува ДИК,таа бројка е за 10% можеби и повеќе помала, велат од ПЦЕР.

Од партијата предлагаат проверките да се прават со членови и од опозицијата, заедно да се на терен, посебно во Шуто Оризари за каде имаат сознанија дека бројката е многу сомнителна. За правилна и точна проверка на Избирачкиот список, ПЦЕР бараат одложување на изборите.