Wednesday, March 26, 2025
11.8 C
Skopje

ЗСФ НА ФАТМИР ЕТЕМИ И СОВРЕМЕН ДОМ ПРИЛЕП ДОКУПИЈА АКЦИИ ВО СКОПСКИ ПАЗАР, СЕГА ИМААТ БЛИЗУ 78 ОТСТО – ОСТАНУВА ЛИ НЕУБАВИОТ ВКУС ЗАРАДИ ИСПУШТЕНИОТ „ХОТЕЛИЕРСКИ ЗАЛАК“

И ЗСФ-КОМ на познатиот бизнисмен Фатмир Етеми, но и Современ дом од Прилеп, ги зголемија своите акционерски пакети во Скопски пазар. Тие вчера преку соопштение на Берзата ја известија инвеститорската јавност дека докупиле акции во таа компанија, со што сега заедно поседуваат 77,64 отсто од капиталот на компанијата, или поединечно по 38,82 отсто од обичните акции издадени од тоа друштво со право на глас. Докупени се и приориотетни акции, но тие немаат право на глас, а од нив двете компании сега поседуваат 52,51 отсто од приоритетните акции. 

Еве какво известување стигна од Скопски пазар. „Известуваме дека во изминатиот период акционерот ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје се стекна со дополнителни 43 обични акции и во моментов поседува вкупно 27.540 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар, што претставува 38,82 отсто учество во вкупниот број на обични акции. Истовремено известуваме дека акционерот Современ дом АД Прилеп се стекна со дополнителни 43 обични акции и во моментов поседува вкупно 27.540 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје, што претставува 38,82 отсто учество. Во моментов ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје и Современ дом АД Прилеп како акционери кои дејствуваат заеднички поседуваат вкупно 55.080 обични акции со право на глас или 77,64 отсто од вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар“, објави компанијата преку Македонската берза.

Оттаму информираа и за приоритетните акции и тоа дека ЗСФ се стекнал со дополнителни 78 приоритетни акции и во моментов поседува вкупно 1.317, што е 9 отсто учество во вкупниот број, како и дека во истиот период акционерот Современ дом Прилеп се стекнал со дополнителни 77 приоритетни акции и во моментов поседува вкупно 6.365 приоритетни акции или 43,51 отсто учество. Односно, двете фирми заедно имаат 7.682 приоритетни акции или 52,51 отсто од вкупниот број приоритетни акции издадени од Скопски пазар. Ова значи дека ЗСФ на Фатмир Етеми и Современ дом ја зајакнуваат својата позиција во Скопски пазар, која во последниов период работи доста успешно и усварува сосема солидни деловни резултати. За потсетување, Скопски пазар за првите три квартали од ланската година прикажа фантастична добивка од 5,7 милиони евра, или таа беше зголемена за дури 347 отсто во однос на истиот период од минатата година.
Иако, треба да се спомене, а како што и тогаш пишувавме, дека најголем дел од приливите отпаѓаше на останати оперативни приходи, дури 5,8 милиони евра, што е раст за дури 624 проценти, и тоа се оние пари кои се главната причина за фантастичниот профит. Притоа, мора да се спомене и дека во јуни лани самата компанија објави дека му го продаде објектот на Бриколаж на германскиот синџир маркети Лидл, за сума од над 9 и пол милиони евра. Дали овие пари придонесоа за зголемената добивка, веројатно ќе се добие подобро објаснување во следниов период.

Инаку, „Скопски пазар“ управува со 12 пазари на отворено во регионот на Скопје кои располагаат со 2.700 тезги. Воедно компанијата има и деловен простор од 54.000 квадратни метри кој го издава на свои деловни партнери.

Она што во последниот период беше интересно за Скопски пазар, но и за двата негови доминантни акционери, е дека тие, иако влегоа многу храбро во битката за освојување на Македонијатурист, и иако Скопски пазар успеа преку купување на акции да стане најголемиот поединечен акционер во таа компанија, со 19,9 отсто, а плус акции купуваа и неговите поединечни акционери, сепак, не успеаја да ја остварат превласта во таа компанија, а тоа најдобро го покажа формирањето на новиот Надзорен одбор, каде што не влезе предложениот член на Скопски пазар. 

Имено, како што објавивме, нови членови на НО се Горан Марковски, кој беше избран и за претседател на тоа тело, како и Горазд Поповски, како независен член, Сашко Бошков и Олга Павлова. За нив гласале мнозинството акционери на седницата на Собранието, кое се одржа токму на предлог на Скопски пазар.

Скопски пазар предложи само еден член, Марјан Ѓорчев, искусен економист, поранешен градоначалник на Кисела Вода, лице со долгогодишно политичко искуство како член и потпретседател, пратеник и министер на ВМРО ДПМНЕ, но тој не се најде во составот на Надзорниот одбор, што значи дека предлогот на Скопски пазар не поминал, што говори, пак, дека иако оваа компанија има најголем поединечен пакет акции во Македонијатурист, мнозинството од различни акционери не гласале за нејзиниот предлог.

А, во НО ќе членуваат Олга Павлова и Горан Марковски, кои беа предлози на компанијата Чеза Комерц. Таа фирма поседува  6,37 отсто од акциите на компанијата, но мора да се наведе и дека акционерот Симеон Павлов кој поседува 10,5 отсто, е исто така и еден од сопствениците на „Чеза комерц“. Сашко Бошков и Горазд Поповски, пак, беа предлози на „Промедика“, која поседува 11,9 отсто од акциите во „Македонијатурист“.

Иако за членови на Надзорниот добор не поминаа предлозите на еден од најголемите акционери, М.Г. Фешн, се очекува дека од таа компанија ќе се изнедрат предлози за членови на Управниот одбор на компанијата, бидејќи таа, според наши информации, има поддршка и од најголемиот број други акционери во хотелиерското акционерско друштво.

ОВАА НЕДЕЛА

ПУКАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ПРИЛЕП, СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ Е РАНЕТА ЕДНА СЛУЖБЕНИЧКА

Денес околу 14 часот вооружено лице упаднало во просториите...

ЗНМ: НЕПРИФАТЛИВА Е ХАЈКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ПРОТИВ НОВИНАРОТ АЛЕКСАНДАР МИТОВСКИ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на...

МАРКОВСКИ: ОДЗЕМАЊЕТО НА ТОЛКУ МНОГУ ЛИЦЕНЦИ Е ПОРАЗИТЕЛЕН ФАКТ

Вкупно 479 фирми за градежништво, урбанистичко планирање, проектирање и...

НИКОЛОСКИ: ЗАПОЧНУВАМЕ БОРБА ПРОТИВ АДМИНИСТРАТИВНАТА МАФИЈА

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја...

ЃОРЃИЕВСКИ: ВРЕМЕ Е ЗА ЦЕЛОСЕН СИСТЕМСКИ РЕСЕТ

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода,...

ФУДБАЛЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ГО ЗАПРЕА МЕЧОТ СО ВЕЛС ВО 59ТА МИНУТА ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ

Македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви...

ПРИВЕДЕН ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЕЈУП РУСТЕМИ И УШТЕ ТРИ ЛИЦА

Во полициска акција денеска приведени се поранешниот директор на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ