Зошто Месечината нема име?

0
594

Тед Хендерсон од Солт Лејк Сити покрена кампања на сајтот Change.org, наречена „Да и се даде име на Месечината“.

Тој изјави дека една вечер сфатил дека е сосема глупаво што ова небесно тело се нарекува Месечина.

Хендерсон нагласи дека на многу планети и на нивните сателити им се дадени интересни имиња, додека терминот „месечина“ ги означува и сите такви тела, кои кружат околу своите планети.

Хендерсон сака и Земјината месечина да го добие истото достоинство и почитување, како и другите небесни тела.

Доколку петицијата собере доволно потписи, за тоа дали на Месечината ќе и биде дадено име ќе одлучува Астрономската унија. Тоа е здружение задолжено за именување на сите нови планети, нивните природни сателити и ѕвезди.

На страницата на која се собираат потписи за неговата петиција веќе се предложени неколку имиња: „Надеж“, „Пакс“, „Лани“ и „Каи“.