ЗОРАН МОМИРОСКИ : НА ОРГАНИЗИРАНАТА ТРИБИНА ВО ,,МИС ТОН” ВМРОВЦИТЕ ПОВИКАА И ДИРЕКТОРИ КАКО СПЕЦИЈАЛИСТИ ЗА ДЛАБОКО ОРАЊЕ А ТРИПУНОВСКИ ПОЧНА ДА ГО НАПАЃА ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ ОД ВЛАДАТА ИАКО НЕ ПОНУДИ АЛТЕРНАТИВА!

0
456
  • ВО КИНОТО „МИС ТОН“ ВМРО-ДПМНЕ ОДРЖУВА ФИЛМСКА ПРЕТСТАВА-ТРИБИНА: СОСТОЈБИТЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО. И ТОА НА 4 АПРИЛ-ДЕНОТ НА ТУТУНСКИТЕ РАБОТНИЦИ. САЛАТА ИСПОЛНЕТА ДО ПОСЛЕДНО МЕСТО. СЕ’ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ  ДО ЗЕМЈОДЕЛЕЦ, ПА ДУРИ И ДИРЕКТОРИ НА ЈП. ТИЕ КАКО СПЕЦИЈАЛИСТИ ЗА „ДЛАБОКО ОРАЊЕ“. ИЗЛЕГУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЦЕНТРАЛНАТА КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ. И НОРМАЛНО, КАКО ДЕЛ ОД ЕКИПАТА НА МИЦКОСКИ, ОТИ ПО РЕДОТ НА НЕШТАТА АКО ПОБЕДИ ВМРО-ДПМНЕ БИ БИЛ МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ РАСПАЛИ ПО СДСМ. РАСПАЛИ ВО ИНТЕРЕС НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И НА ГРАЃАНИТЕ.  СЕГА, ВЕЛИ ТОЈ: КОГА СТАНА ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО ДОСТАПНО ВЛАДАВА ГИ ЗАМРЗНА ЦЕНИТЕ, А КОГА ИМАШЕ УВОЗ ДОЗВОЛИ СЛОБОДНО ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНИТЕ! ПА, МУ УДРИ УШТЕ ЕДНА ДВЕ КРИТИКИ НА ВЛАДАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА И ЗА ТОА ДЕКА Е ЗАПОСТАВЕНО ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА РЕПРОМАТЕРИЈАЛИ. СЕ’ УБАВО АМА ЗЕМЈОДЕЛЦИВЕ ЗНААТ  ДЕКА ВО ВИСТИНСКА СМИСЛА НА ЗБОРОТ ГОЛЕМА КОРИСТ НЕ ВИДОА НИ КОГА  ВМРО-ДПМНЕ БЕШЕ НА ВЛАСТ, НИ СЕГА СДСМ. УШТЕ ПОЛОШО ШТО НИТУ ЕДНАТА, НИТУ ДРУГАТА ПАРТИЈА НЕМА ДОЛГОРОЧНА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈОТ НА ОВОЈ ЕКОНОМСКИ СЕГМЕНТ. И ЕДНАТА И ДРУГАТА ПАРТИЈА РАЗГОВАРААТ И ИМ ВЕТУВААТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, АМА НИКАКО СО ЗЕМЈОДЕЛЦИ – ФАРМЕРИ ПО ТЕРК НА ТУРЦИЈА, НА ГРЦИЈА ИЛИ ПРИМЕР НА ГЕРМАНИЈА. ЗА ТАКОВ ЗАФАТ И РЕОРГАНИЗАЦИЈА ТРЕБА „ЗАСУКУВАЊЕ НА РАКАВИТЕ“, ЛИДЕРСТВО, И ШТО Е НАЈВАЖНО ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ СПОРЕД ТЕРК НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, А КАКО ТРГНАЛА РАБОТАТА И СПОРЕД ОНА ШТО СЕГА КАКО ПОТРЕБА ЌЕ ГО НАМЕТНЕ ОТВОРЕН БАЛКАН.

Зоран Момироски во дел од колумната ,,Во Прилеп не е проблем, а се е проблем” за ,,Радио Пела.