Зоран Караџовски избран за претседател на Судски совет

0
637

Зоран Караџовски е новиот претседател на Судскиот совет. Избран е денеска едногласно од 12 членови на советот. За разлика од вчера, кога против кандидат му беше судиката Лидија Каначковиќ, денеска тој беше единствениот кандидат за претседател, објави Телма.

Караџовски вети дека ќе се залага за спроведување на започнатите реформи во судството и за донесување на законски проекти за унапредување на судството во Македонија. Негов заменик во Советот ќе биде Шемседин Јусиуфи.