Зоран Заев од ФОН: дел од програмата која ќе ја презентираме пред гласачите е интернационализација на образованието

0
86

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денес учествуваше на меѓународната конференција на ФОН Универзитет посветена на улогата на високото образование и градењето на одржлив мир и развој.

На својот панел Заев се осврна на значењето на високото образование во градењето на националната економија. Како дел од владата која ја предводев и дел од програмата која ќе ја презентираме пред гласачите е интернационализација на образованието. Тоа значи полесни процедури за студирање и на наши студенти во странство но и за странски студенти во Македонија. Странски студенти ќе донесат и нови искуства во нашиот образовен систем но и ново знаење за нашата економија. Нема силна држава ако нема силна економија и образование.

Како држава немаме веќе пречки со решавањето на спорот со името и интеграциите одат со забрзан чекор. НАТО ќе се случи многу бргу но се гледа и подотворена врата на ЕУ.

Заев се осврна и на улогата на ФОН Универзитетот како реформатор на високото образование во изминативе речиси 20 години колку што постои.