Зоран Заев од Охрид испрати порака до народот : Со промените доаѓа сигурна и подобра иднина за Македонија

0
1180

-Тоа што е оставено од нашите предци треба да се чува и надргадува а не да се руши. Државата треба да ја вратиме на нормален колосек и да ги обновиме срушените институции. Со промена на власта ќе има независни институции и партијата ќе се одвои од државата. Државата ќе си ја вратиме во нормала, ве уверувам, дециден беше Заев.

Претседателот Заев додаде дека со реализирање на мерките од програмата на СДСМ ќе се  обезбедат нови работни мест,  пристојна работа со повисоки плати.

-Силно ќе го помогнеме домашното стопанство а со мерките за повраток на 15% од ДДВ парите ќе ги враќаме кај граѓаните. Имаме мерки за отворање на нови работни места, зголемување на стандардот и еднаквоста во општеството коишто ќе гарантираат сигурна и подобра иднина за сите наши граѓани, рече Заев.

Средбите со охриѓани продолжуваат низ централното градско подрачје во Охрид. Граѓаните со насмевка и со очи полни верба испратија порака дека единствената надеж за подобро утре ја гледаат во промените што ги носи Зоран Заев.