ЗОРАН ЗАЕВ ГО ДОГОВОРИЛ ПРОЕКТОТ ВРЕДЕН 250 МИЛИОНИ ЕВРА ДОДЕКА БИЛ ПРЕМИЕР – АКТЕРОТ МЕТ ДИЛОН НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НАЈАВИ ГРАДЕЊЕ ФИЛМСКИ ГРАД СТОУН БРИЏ ВО СКОПЈЕ ВРЕДЕН 250 МИЛИОНИ ЕВРА

0
1669

Редакцијата на 360 степени откри многу интересна информација која е поврзана со изградба на холивудски студија во Скопје кои ги најавија Џон Малкович и актерот Мет Дилон каде проектот треба да содржи група на актери кои сакаат да инвестираат во овој проект кои според 360 степени треба да се гради во главниот град на Северна Македонија како стратешка инвестиција и дека се чекала одлука на владата проектот да се гради и спроведе кај касарната на парцелите кај Илинден.

Се ова било договорено за време кога Заев бил премиер и се чекала владина одлука каде во проектот наречен ,,Skopje Tehnology Park” и инвеститорите ,,STP Partners” просторот требало да содржи 44 отсто со деловни објекти, 29 отсто со хотели а 27 со станбени згради.

Во деловните објекти инвеститорите планирале изградба за сајбер безбедност, бизнис инкубатори за ИТ компании како и ИТ академии за студенти. Нема место за филмските студија на Дилон и Малкович кои според информациите требало да бидат спореден проект кои би се граделе во слободната економска зона ТИРЗ 3.