Зоран Заев ги постави условите за да оди во Виена: Одложување на изборите и повлекување на аболицијата!

0
463

Лидерот на СДСМ Зоран Заев бара да бидат исполнети два услови за да оди на средбата во Виена.

Првиот услов е Иванов да ги повлече своите одлуки за аболиција, кои според Заев претседателот ги донел со договор со Груевски.

Вториот предуслов е да се свика Собранието да ги  одложи изборите закажани за 5-ти јуни.

„Иванов, Груевски и Вељановски ги урнаа сите услови потребни за одржување предвремени фер, демократски и кредибилни избори“ – истакна Заев на прес конеферанцијата.

Лидерот на опозицијата нагласи дека СДСМ ги исполнила сите обврски од Пржинскиот договор (се врати во Собранието, прекина да ги објавува „бомбите“ и ги предаде материјалите на СЈО) за разлика од неисполнетите обврски на останатите потписници.