ЗОО СКОПЈЕ ДОБИВА 7Д КИНО

0
173

Станува збор за нова технологија на проектирање на филмови во 3Д во комбинација со дополнителни ефекти кои го прават визуелното следење комплетно, кои буквално прават да бидете дел од филмот. Ќе почувствувате мирис, ветер, капки дожд и снегулки, меурчиња, а седиштата ќе се движат соодветно со движењата во филмот.

„Ние решивме во скопската зоолошка да имаме ваква атракција, бидејќи секаде во светот зоолошките се модернизираат и дигитализираат. Ова ќе биде вистинска забава и дополнителна едукација со 7Д ефекти, бидејќи ќе се проектираат филмови со содржина за животинскиот свет или од дино периодот.

7Д киното ќе биде поставено блиску до влезот, а набавката нема да биде на товар на градскиот буџет, туку ќе биде платено од спонзори”

Со почит, Ѓ. Галетановски, директор на Зоо Скопје