Кога се случија политичките промени и кога некои се закануваа и предвидуваа федерализација и кантонизација, ние ветивме дека овде во Арачиново ќе изградиме канализација, новата, современа општинска зграда, локалниот пат кон село Грушино, како и шеталиште, пешачката и велосипедската патека со хортикултурно уредување во Арачиново тоа што го ветивме го исполнивме.
Тоа е нашиот концепт за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани кој дава реални резултати.