ЗНМ: Оваа власт не турна меѓу најнедемократските земји во светот

0
367

Во Македонија нема слободни медиуми објави вчера Фридом хаус, најреномираната меѓународна организација која ја оценува состојбата со слобоодата на медиумите во светот. Во годинешниот извештај, го загубивме статутот на земја со делумно слобдни медиуми и западнавме во група на најнедемократски земји каде воопшто нема слободни медиуми. Такви неслободни земји во Европа освен Македонија се и Турција и Русија, реагира ЗНМ.

„Како здружение успеавме да го разобличивме грдото лице на авторитарниот систем, кој освен што масовно ги крши правата и слободите на граѓните, ги зароби и медиумите и ги претвори во прапагандна машинерија за манипулација со граѓаните. Фридом хаус ги елаборира истите прашања за кои ние зборувавме со години. Во него оваа орагнизација на неколку наврати се повикува на нашите ставови и оценки.

Власта постојано ги игнорираше предупредувањата на ЗНМ дека поради лошите политики кон медиумите, Македонија опасно се приближуваме кон недомократски земји.

Кажавме дека не може да има слободни медиуми во земја каде новинарите се затвараат заради објавен текст. Власта не само што не извлече поука од случајот на Кежаровски, туку со екстрадицијата на новинарот Зоран Божиновски направи уште поголема глупост. За какво шпионирање треба да одговара Божиновски кога наредбодавачите и извршителите на незаконско прислушување на над сто новинари се аболирани од претседателот на државата? За какви уцени треба да биде казнет Божиновски кога владата со јавни пари ги уценува и ги контролира приватните медиуми?!

Постојано повторувавме дека насилството врз новинари не може да се толерира во демократски земји. Но, место да ги казнат насилниците тие свесно ги толерира со цел да им ја затворат устата на новинарите.

Власта се оглуши на нашите барања да обезбеди институционална автономија на Македонската радиотелевизија и на медиумскиот регулатор. За нив побитни беа нивните партиски интереси него интересите на граѓаните и на земјата.

Штетата врз слобдата на медиумите веќе е направена и тие што ја предизвикаа оваа штета не можат да ги санираат последиците.

Се надеваме дека идната влада ќе има поголем демократски камацитет и ќе биде поодговорна сериозно да се справи со проблемите во медиумите, се наведува во соопштението на ЗНМ, по повод новиот извештај на Фридом хаус.