ЗНАЧИ КОНЕЧНО НИ ТРГНА СО ВАКЦИНИТЕ, ВО ИСТ ДЕН СТИГНА ВТОРА ПРАТКА ВАКЦИНИ: Стигна втората пратка од 3000 дози вакцини Спутник В

0
252

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска во 14:30 часот на меѓународниот аеродром во Скопје стигна втората пратка од руската вакцина Спутник В, наменета за ревакцинација на 3000 здравствени работници.

Првите 3000 вакцини Путник В стигнаа пред еден месец. Тие се дел од дговорот со Рускиот инвестициски фонд и вкупно треба да стигнат 200 000 вакцини Спутник.

Денеска утрово во земјава пристигнаа првите вакцини од Ковакс системот, 24 000 вакцини Астра Зенека. До крајот на април ќе пристигнат уште 76 000 вакцини Астра Зенека од Ковакс системот.

Во исто време се очекуваат и кинеските вакцини и оние од Фајзер, по 200 000 од двата производитела.