ЗНАЧИ КАКО МУ ГО СМЕСТИЈА: Како што е ред, Грујо ќе ја има честа во понеделник да го сефтоса новиот кривичен суд со случајот Титаник!

0
1836

Од понеделник почнува со работа новата зграда на Основен суд Скопје 1, а случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство се очекува да биде првиот предмет, потврди на денешниот брифинг со новинари претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.

Официјалното пуштање во употреба на новата зграда на Основниот суд Скопје 1 – Скопје ќе биде утре. Како што е најавено, напладне ќе се одржи свеченост во големата сала на која ќе присуствуваат претставници од судските органи во државата и дипломати.

Џолев, посочи дека утре почнува процесот на селење на Кривичниот суд во новата зграда. Новиот објект на Кривичниот суд има 25 судници и многу подобри услови за работа.

Изградбата на новата зграда на Кривичниот суд во Скопје почна во мај 2010 година

Во понеделник, 2 април, во кривичниот суд почнува судењето за досега најсложениот и најголем предмет на специјалното јавно обвинителство, „Титаник“.

Обвинети се 21 лице, меѓу кои и поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска. За првпат на обвинителна клупа ќе седнат Илија Димовски, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски. Во овој предмет, кој СЈО го објави прв, обвинети се и разузнавачот Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодорвски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Обвинета е и поранешната заменичка на министерот за правда, Билјана Бришкоска Бошковски. Обвинението ќе го застапуваат тројца обвинители од СЈО.

19 обвинети одговараат за злосторничко здружување, а Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, како и уште тројца обвинети ќе одговараат кривично за злоупотреба на средствата за изборната кампања. Во обвинението СЈО обвинетите ги товари и за повреда на слободата на определување на избирачите и повред на избирачкото право. Последниот дваесетти обвинет ќе одговара и за уништување иборен материјал.

Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Илија Димовски и Леко Ристовски ќе треба солидарно да ѝ вратат на државата 2,2 милиона евра доколку кривичниот суд ги осуди за виновни во предметот „Титаник“. Обвинителите од тимот на Катица Јанева напишале дека за финансирање на изборната кампања во 2011 година лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и поранешниот шеф на Кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, треба да вратат во буџетот 567 илјади евра. За изборната кампања во 2012 година СЈО од Никола Груевски, Илија Димовски и Леко Ристовски побарува 673 илјади евра. Еден милион евра е сумата што обвинетите, доколку бидат осудени, треба да ја платат за изборната кампања во 2014 година. СЈО од нив четворица побарува сума од над 2,2 милиона евра.

Во обвинителниот акт пишува дека Никола Груевски и Мартин Протоѓер од мај до јуни 2011 година како организатори на изборната кампања користеле недозволени средства за изборна кампања, кои потекнуваат од неидентификувани извори. Спротивно на Изборниот законик, не го пријавиле изворот на финансирање со што го злоупотребиле законското овластување како организатори на изборната кампања. На идентичен начин во 2013 година Илија Димовски и Леко Ристовски, поттикнати од Никола Груевски како соизвршители во кривичното дело, користеле недозволени средства за изборната кампања. Според обвинението, поранешниот генерален секретар на Владата водел евиденција и парите ги чувал како готовина. Истиот принцип за уплата бил користен и за изборите во 2014 година. Во прилог на обвинението СЈО достави и записници од сослушување сведоци и обвинети и докази.

Во април судијата се закажани 4 судски рочишта за овој предмет. Покрај на 2 април, на судења ќе има и на 12, 16 и 26 април. Предметот го води судијата Осман Шабани од Одделот за организиран криминал и корупција. Како дел од доказите се 1063 прислушувани разговори и 41 смс порака за кои апелационите судии се изјаснија дека имаат доказна вредност во постапката. Ова е петто обвинение за Никола Груевски и Миле Јанакиески за кое почнува судењето и трето за Гордана Јанкулоска.