Thursday, April 24, 2025
17.8 C
Skopje

ЗНАМ ШТО ЌЕ МУ ОДГОВОРЕШЕ ГОШЕВ НА ЉУБЧО: Срамота е што уште го канат по емисии, тој одамна требаше да биде во затвор!

ljubco goshev

Во четвртокот екс премиерот Љубчо Георгиевски во емисијата На патот кон, на Алсат м, го нападна екс гувернерот на НБРМ, Петар Гошев. Очигледно Љубчо го здоболеле изјавите на Петар дека досега најмалку три премиери вклучително и сегашниот требаше да одат во затвор, па Љубчо се нашол прозван, а и другите изјави на Петар како критиката за приватизацијата на Телеком и Окта кои ги направи токму Груевски.

Во нападот кон Гошев, Љубчо рече дека за разлика од него, тој е цело време над 13 години опозиционер, додека Гошев бил гувернер 5 години под власта на Груевски и не си поднел оставка во знак на револт со политиките на Груевски.

Не му се јавив на Гошев за реакција, немам кредит на телефонот, но доколку му се јавев,познавајќи го добро Гошев од лични контакти со него сигурен сум дека тој ќе го кажеше следново:

Срамота е што ваков криминалец сеуште викаат во емисии на тв. Тој одамна требаше да биде во затвор. Имам информации дека неговата сопруга на швајцарски сметки има многу голема сума на пари. Тој најде да држи лекции за политички морал. Па НБРМ не е на Груевски па јас да си поднесувам оставка, што требаше и таа институција да му ја предадам на Груевски и од неа да направи штаб на ВМРО ДПМНЕ како што направи од сите државни институции сиот овој период?! Ајде по таа логика да си поднесат оставки и опозициските градоначалници сега. Која ноторна глупост! Јас имав мандат да ја водам НБРМ во интерес на Македонија и тоа и го правев,  да им одговараше на Груевци моето работење ќе ми дадеа уште еден мандат.

Љубчо е еден голем апаш, Груевски од него научи како се краде и тоа на големо на штета на македонските интереси. Го гледам како се буни за наталитетот, па има ли поголема штета за наталитетот на македонскиот народ ако го крадеш мегаломански и крвнички и го оставаш без корка леб па тој мора да бега по белиот свет по егзистенција?! Љубчо и Снешка се шетаат по целиот свет како кралско семејство, имаат кредистни картички од сите светски банки, си го запишаа синот на скап американски универзитет, и тој најде уште да збори за политички морал и опозиционерство во моменти кога го брани режимот на Груевски и го обвинува СДСМ за аферата со прислушкување и село време заговара некаква амнестија, затоа што тој само тоа знае, да помине неказнето за сите криминали, тој тоа го заговара, политика на крадење без реперкусии и одговорност за злоделата направени од неодговорна политика! Тој е амбасадор во јавноста на таа македонска криминална политика без никаква одговорност за стореното! Тој цело време заговара амнестија на капитал и амнестија на криминалци, се надевам дека и тој ќе заврши зад решетки заедно со Груевци затоа што таму му е местото!

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

МАЖ ВО ПРИЛЕПСКО МАЖУЧИШТЕ ЗАГИНА ОД УДАР НА ГРОМ

Маж загина од удар на гром во Прилепско, соопшти...

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ПРОЕКТИРАНИОТ РАСТ ОД 3,7 ОТСТО Е РЕАЛЕН

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во Вашинтон,...

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА „РЕКОРД“, ДОШЛЕ ЕКИПИ НА ИТНАТА ПОМОШ

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на „Рекорд“ во...

ТРАМП: БЛИСКУ СМЕ ДО ДОГОВОР СО ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека има...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ