ЗНАМ : ИГОР ФИЛКОВ КАНДИДАТ ЗА МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА И ГОРАН МИНЧЕВ КАНДИДАТ ЗА МИНИСТЕР ЗА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

0
205
Би сакале да ја информираме јавноста за донесените одлуки на вечерашната
седница на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ за наша Македонија:
Прво: Усвоена е политичката платформа, стратешките определби, политички
начела и утврдени се конкретните програмски определби на Движењето ЗНАСМ
за наша Македонија кои ќе бидат составен дел од владината програма.
Во оваа прилика би ги издвоил основните столбови на кои ќе се темели
партиципирањето на Движењето ЗНАМ за наша Македонија во идната Влада :
– Интегрирање во Европската Унија на достоинствен начин, со почитување
на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и вековна
национална историја, во согласност со критериумите од Копенхаген, на
начин на кој членство обезбедиле сите постојни членки
–    Република Македонија како држава што испорачува правда за сите
граѓани, која промовира нулта толеранција кон политичкиот криминал,
корупцијата и ефикасна борба против организираниот криминал.
– Република Македонија како современа, демократска, модерна, европска
држава, втемелена на илинденските и на асномските вредности.
–    Република Македонија како самоодржлива држава.
–    Стабилни меѓуетнички односи како столб на македонската држава.
–    Забрзани и ефикасни реформи во економијата и во социјалните политики,
во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Bторо: Едногласно е усвоен извештајот на ЦИШ за Претседателските и
Парламентарните избори 2024 година.

Трето: Донесена е одлука за формирање на нови општински организации на
Движењето Знам за наша Македонија.

Четврто: Донесена е одлука за учество на Движењето Знам за наша
Македонија во Владата на Република Македонија
Петто: Едногласно е усвоена одлуката за предлог кандидати за министри од
редовите на Движењето ЗНАМ за наша Македонија во владата на Република
МакедонијаЗа Министер во Министерството за Правда се предлага:
-ИГОР ФИЛКОВ – роден 1979 година во Скопје, Претседавач на Централен
Одбор на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, член на Извршен одбор,
Приватен сопственик, Управител на „Спектрум Медикал„ Скопје, Надворешен
соработник на Проект на ФАО – Канцеларија Скопје (UN Food and
Agriculture Organisation), Вработен во локалната канцеларија во
Македонија за Косово, Логистика и набавка НВО Солидаритес – Solidarités
International, во период од 1997 – 2002 активист во Студентски Сојуз,
Правен Факултет „Јустинијан Први„ Скопје, УКИМ, во период од 2000 – 2002
Активист на Студентски Сојуз, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
За Министер во Министерството за Јавна Администрација се предлага:
-ГОРАН МИНЧЕВ – роден 1972 година во Скопје, Генерален секретар на
Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Дипломиран Економист, Универзитетот
„Св. Климент Охридски”, поранешен Пратеник во Собранието на Р.М
2008-2014 , Директор на Служба за општи и заеднички работи на Владата на
Република Македонија 2003-2006, Заменик директор ЈП Водовод и
Канализација – Скопје 2002-2003
Сектор за односи со јавност