Thursday, May 15, 2025
17.2 C
Skopje

ЗНАМ ДО СДСМ: СООПШТЕНИЕТО НА СДСМ Е КОМБИНАЦИЈА НА ЖАЛНА МЕШАВИНА НА ПАРАНОЈА, НЕВИСТИНИ И ПРИМИТИВНИ ПОЛИТИЧКИ СПИНОВИ

РЕАКЦИЈА НА ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ
Соопштението кое денеска го објави СДСМ е жална мешавина на параноја,
невистини и примитивни политички спинови кои повеќе зборуваат за нивната
состојба отколку за Движењето ЗНАМ или за претседателот Максим
Димитриевски.
Прво, нема никаков корупциски скандал поврзан со Димитриевски или со
ЗНАМ. Тоа се фабрикувани лаги, пуштени од кујната на партија која
очигледно веќе одамна нема допир со реалноста ниту поддршка од народот.
Димитриевски останува отворен и доследен борец против корупцијата, без
разлика дали таа доаѓа од СДСМ или било која друга партија.
Второ, ЗНАМ не е ничија алатка, ниту нечија продолжена рака. ЗНАМ е
граѓанско-политичко движење израснато од незадоволството на народот од
токму вакви, арогантни и криминализирани структури како што е актуелното
раководство на СДСМ. Вашата потреба да не нарекувате „неавтентични“ само
зборува колку ве боли фактот што вистинската поддршка на терен се
прелева кај нас.
Трето, тврдењата дека членови се враќале назад во СДСМ се најобична
измислица. Никој не сака да се врати во потонат брод, во партија која ја
изгуби секоја допирна точка со реалноста и граѓаните. Единствените што
ве напуштаат сте вие, господа од СДСМ, бидејќи веќе никој не сака да
биде дел од вашата срамна историја.
На крај, да ве потсетиме – токму ваквото ниско ниво на политичка
комуникација, полуписменоста што ја споменувате и криминалот против кој
се бориме, се синоними за вашето владеење. Народот ве прочита и ви го
покажа тоа на изборите.
Центар за комуникации и аналитика

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МАЈКА НА ПОВРЕДЕН ВО КОЧАНИ: ПОВРЕДАТА Е ТОЛКУ ЧУВСТВИТЕЛНА ШТО ОД МИНУТА ВО МИНУТА СОЗДАВА НОВИ ПРОБЛЕМИ

Благица Сабовљевиќ-Стоименова, граѓански активист и мајка на повреден вели...

НАЈНОРМАЛНО Е ДА ИМАМ ПРЕКРАСНИ ОДНОСИ СО СРПСКОТО ДРЖАВНО РАКОВОДСТВО, ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ

Според вицепремиерот, влијанието на Србија во земјава се преувеличува,...

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СУДОТ ВО НОВИ САД

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ