Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

ЗНАМ ДО ВЕНКО: ФИЛИПЧЕ Е ДИРЕКТНО ОДГОВОРЕН ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО,ОНКОЛОГИЈА, КРИМИНАЛНА НАБАВКА НА ВАКЦИНИ ВО КОВИД КРИЗА И АМНЕСТИЈА ПРЕКУ ИЗМЕНИ НА КРИВИЧЕН ЗАКОНИК НА ВИСОКИ КРИМИНАЛЦИ ОД ВЛАДИТЕ НА ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ

Движење ЗНАМ со реакција на изјавата на Претседателот на СДСМ Филипче на денешната прес-конференција на која предлага концепт за нов општествен и политички дијалог во Македонија.
Довчерашниот министер во владите на Зоран Заев, одговорен за длабоките
системски грешки во општеството, директно одговорен за трагедијата во
Тетово со модуларната болница кадешто загинаа 14 невини лица,
криминалната набавка на вакцини во времето на КОВИД кризата, случајот во
клиниката за Онкологија каде што наместо хемотерапија на болните им се
даваше физиолошки раствор, директното учество во донесувањето на
измените на Кривичниот Законик, каде што се амнестираа функционерите од
режимот на Груевски, но и високи функционери на СДСМ на чело со неговиот
ментор Зоран Заев, денеска предлага КОНЦЕПТ за НОВ општествен дијалог во
Македонија.
Македонската јавност не е дементна за да заборави дека директорот на
Фондацијата ЗАЕВ во претходните 8 години го промовираше концептот Едно
општество за СИТЕ, едно за Вицето.
Од тие причини, СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички
кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за
Македонија овој момент.
Оттука, Венко Филипче и СДСМ не можат да бидат решение на проблемите,
бидејќи покажаа дека тие се проблем за секое решение.
Дали самопрогласениот лидер на опозиција со ова бара начин да се
факторизира како политички фактор во јавноста и да седне на преговарачка
маса, имајќи ја в предвид очајната состојба на неговата партија?
Сектор за односи со јавноста

ОВАА НЕДЕЛА

ДРАМСКИ ТЕАТАР НЕ ЈА ДОДЕЛИ НАГРАДАТА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“, ЌЕ СЕ ОБЈАВИ НОВ КОНКУРС

Драмски театар Скопје не ја додели наградата „Горан Стефановски“...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ