ЗНАМ ГИ ДОБИВААТ ПРАВДА И МИОА : РЕСОРИТЕ СЕ ПОДЕЛЕНИ – ПОЗНАТО Е КОЈА ПАРТИЈА ШТО ДОБИВА

0
193

Составот на новата Влада е пред финален договор. Она што може да се дознае е дека во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија остануваат МВР, Финансии, Транспорт и врски, Образование, Култура, Министерство за надворешни работи, Земјоделие, Локална самоуправа, Одбрана, Енергетика, Политички систем и други.

Коалицијата Вреди ги добива министерството за животна средина и просторно планирање кој во исто време ќе биде и вицепремиер. Потоа министерството за здравство и министерството за социјална политика, демографија и млади, исто припаѓа на Вреди.

Министерството за економија и труд, оди во рацете на ВРЕДИ, заедно со секторот Евроинтеграции, како уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.

Претседател на Собранието исто така оди во рацете на ВРЕДИ.И преговорите со ЗНАМ финишираат добивајќи две министерства, министерство за правда и новото министерство за администрација.Се очекува овие денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада.