Wednesday, June 18, 2025
24.8 C
Skopje

ЗМЕП ТРАЈКОВ: СЕКОЕ ДЕТЕ ЗАСЛУЖУВА ПРИСТОЈНИ УСЛОВИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ!

Заменик-министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков денеска присуствуваше на меѓународната европска конференција во државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.  Пред претставниците од европските земји, таа потенцираше дека целта на владините политики е овие деца полесно и побезболно да се интегрираат во системот и да ги реализираат нивните способности на најдобар можен начин.

,,Треба да создадеме простор за да може потенцијалот на децата со посебни образовни потреби да дојде до целосен израз. Како Влада работиме посветено на создавање предуслови за развој на сите деца, промовирајќи го концептот на интегрирано образование. Го застапуваме принципот-еднакви можности за сите и еднаков пристап до образование за сите! Ги подобруваме законските решенија за сите степени на образование и со тоа создаваме основа за генерации чие знаење ќе се темели на квалитет, а не на квантитет” порача заменик-министерката Трајков.  Таа се осврна на патот кон ЕУ и порача дека Македонија нема друга алтернатива, само со европските вредности земјата  може да оди напред.

,,Работиме на промоција и вградување на овие вредности во нашите политики во име на подобро утре за сите граѓани. И ако не создадеме услови за нивно доследно почитување, нема да успееме во нашата мисија за создавање на еднакво општество за сите” порача заменик-министерката Трајков.  На настанот, присуствуваа 40 експерти и претставници од повеќе европски земји, кои разменија продуктивни идеи како да се подобри процесот на образование во нашата земја.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

РУСИЈА АПЕЛИРА ДО ИЗРАЕЛ ДА ПРЕКИНАТ СО ОГНОТ, ДИПЛОМАТСКИОТ НАЧИН Е ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI Русија предупреди дека израелските напади врз иранските...

ИРАН ДИРЕКТНО УДРИ ВО МОСАД – РЕКЕТИРАН Е ОПЕРАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извршила успешен ракетен...

ПИЈАН СКОПЈАНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ И НАПРАВИЛ СУДАР

Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ