Monday, March 24, 2025
15.8 C
Skopje

ЗМЕП ТРАЈКОВ: ЕВРОИНТЕГРАЦИСКИОТ ПРОЦЕС И ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ СЕ ВРВНИ ПРИОРИТЕТИ НА ВЛАДАТА

„Евроинтеграцискиот процес напоредно со економскиот развој е еден од врвните  приоритети на Владата.

Во таа насока, сакам да потенцирам дека сме посветени на  забрзување на реформските процеси, а со тоа и остварување на нашата европска  агенда“, истакна заменик-министерката за европски прашања и заменик главен  преговарач со ЕУ, Викторија Трајков на денешната втора седница на Националниот совет  за евроинтеграции.

Потенцирајќи ја поддршката од Полска во рамките на полското претседателство со  Советот на ЕУ, заменик-министерката за европски прашања, Трајков во своето обраќање  истакна дека „добиваме охрабрувачки тонови дека нивната континуирана и гласна поддршка за пристапниот процес на нашата земја и понатаму ќе продолжи“.

Заменик министерката за европски прашања Трајков додаде и дека приоритетите на полското претседателство се поистоветуваат со нашите приоритети насочени кон обезбедување на мир и просперитет . „Посветени сме на исполнување на зацртаното во Патоказот за Европската Унија и работиме на негово воедначување со Реформската агенда.

Во тој правец, сакам да потенцирам дека веќе е потпишано барањето за исплата на 7 отсто пред-финансирање предвидено со Реформската агенда, чии приоритети ги покриваат областите на зелена транзиција, човечки капитал, развој на бизниси и владеење на правото, но и на инвестиции во енергијата, дигитализацијата, патната и железничката инфраструктура, здравство и образование.

Со ревидираната листа од 22 проекти предвидени со Реформската агенда предвидени се инвестиции во износ од 1,3 милијарди евра и потенцијални инвестициски грантови од страна на Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) во износ од 441 милиони евра“ рече заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции, додавајќи дека со оваа помош ќе се обезбеди олеснување на евроинтеграцискиот процес и долготраен раст и развој на нашата држава. „Ние немаме друг избор освен да продолжиме цврсто во исполнување на нашите приоритети што ќе ни обезбеди место во европското семејство“ подвлече заменик министерката на крајот од обраќањето.

ОВАА НЕДЕЛА

БЕЗБЕДНОСНИТЕ СТАНДАРДИ ВО УЧИЛИШТАТА ДА БИДАТ ВО ФОКУСОТ НА ОПШТИНИТЕ

Министерството за образование и наука на 20.3.2025 година се...

МИЦКОСКИ: ЗА ПРВ ПАТ ИМАВМЕ РАСТ ОД 3% И СМЕ МЕЃУ ПРВИТЕ ПЕТ ЗЕМЈИ СО НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски...

МИЦКОСКИ ЗА ПРОТЕСТИТЕ: ПОЛИТИЧКИТЕ ГЛОДАРИ СЕ ОБИДУВААТ ПРЕКУ ТРАГЕДИИ ДА ДОБИЈАТ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ