Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска е во работна посета на општина Охрид.
Заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев ќе остварат средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Целта е да се мотивира локалната самоуправа за поголемо искористување на средствата од европските фондови.