„Пропаднато здравство, нефункционални институции, лудо растечки цени на производи, безредие, непотизам, лаги, корупција, бркање на младите што подалеку од тука. Ова е мракот што не снајде. Мрак од кој ќе излеземе благодарение на искрена и чесна работа, и сето тоа поради нашата должност и обврска кон македонскиот народ кој својата доверба ја стави во наши раце. И преку нас, неговите избраници, токму тука се бори за подобар живот“ , децидна беше Златеска.
Златеска напомена дека токму буџетот ќе ја има главната улога во исполнување на барањата на граѓаните. Дополнително напомена дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи донесување на погрешни политики затоа што граѓаните најмалку не го заслужуваат истото.
„Во креирањето на сето ова, главна улога има буџетот на државата. Во состојбата во која се наоѓа, на нашата држава и треба помош, а ние сме тука да и ја пружиме. Ние не смееме да се расфрламе со погрешни зборови, ниту со погрешни дела, затоа што на Македонија и на македонскиот народ му е преку глава од грешки и лаги“ , заклучи Златеска.