Monday, January 20, 2025
0.8 C
Skopje

ЗИЈАДИН СЕЛА ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ И ГИ ПОВИКА ГРУБИ И БЕЏЕТИ ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ ОД ИНСТИТУЦИОНАЛНИОТ И ПОЛИТИЧКИОТ ЖИВОТ

Лидерот на едното од крилата на Алијансата за Албанците, Зијадин Села ја поздрави одлуката на Стејт департментот за именувањето на Артан Груби и судијата Енвер Беџети на црната листа на САД. Тој побара од нив да се „повлечат од институционалниот и политичкиот живот“.

„Алијансата за Албанците продолжува да биде еден од политичките актери кои ги осудуваа и јавно ги осудуваат врските на судството со политиката и олигархијата. Затоа, денеска ја поздравуваме последната одлука на САД, најважниот стратешки партнер на Македонија и албанскиот народ.

Борбата против корупцијата означува важен чекор во градењето на владеењето на правото и нашата иднина. Ги повикуваме апострофираните да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот и како слободни граѓани да се соочат со обвиненија.

Индивидуалната одговорност е камен-темелник на една модерна, непристрасна и демократска држава.

Алијансата за Албанците и јас како нејзин претседавач, остануваме доверлив и лојален партнер на Соединетите Држави, споделувајќи ги заедничките вредности на демократијата, слободата и градењето на владеењето на правото“.

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДНАТ ЛЕКАР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Тетовец нападнал лекар од Клиничката болница Тетово, стои во...

СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ДЕЛЧЕВСКО, ЗАГИНА 37-ГОДИШНИК

Пожар утрово изби во селото Чифлик, Делчевско, а притоа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ