ЗИЈАДИН СЕЛА ДО АПАСИЕВ : ПРВО НА КУРС ПО АЛБАНСКИ, ПА СО АХМЕТИ ДА ЗАПЕАТ ПЕСНА ЗА ЕНВЕР ХОЏА!

0
1024

За Апасиев е добро да си ги прошири хоризонтите, бидејќи едуцираност и култура е да познаваш други јазици. Му сугерирам да започне со курс за учење на албанскиот јазик, му порача лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села на лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев кој остро ја коментираше вчерашната одлука на владата за воведување на двојазичност на полициските униформи.

– За Апасиев е добро да си ги прошири хоризонтите, бидејќи едуцираност и култура е да познаваш други јазици. Му сугерирам да започне со курс за учење на албанскиот јазик и заедно со тој курс да помине и неколку лекции со музичкиот инструмент чифтели, па заедно со Али Ахмети да загрмат со песната за Енвер Хоџа – објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

Тој посакува оваа уредба да ја нема судбината на законот за употреба на јазикот.

Апасиев вчера на социјалната мрежа Фејсбук бурно реагираше за двојазичните униформи во МВР.

-Не ј**ат ни Устав, ни закон! ДВОЈАЗИЧНИ УНИФОРМИ на полицијата си вовеле со Уредба на Влада!? СДС се најголемото зло што некогаш ја снашло Македонија. Окупатори да бевте поише сенс за народот ќе имавте, гниди едни одродени. Ќе скапете по затвори кога ќе се смени власта, јавно ви ветуваме!!!, напиша Апасиев на Фејсбук.