ВМРО-вските пратеници кои чукаа во Собрание со раце по масите како небаре на пазар се наоѓаат, си го покажаа нивното вистинско лице уште еднаш. Чукаа мислејќи дека со тоа ќе се додворуваат на нивниот лидер Мицко да ги стави на листа, ама за жал и самите се свесни дека преку 90 отсто од нив повеќе нема да седат на пратеничките клупи, а нивната партија уште долго ќе биде во опозиција, напиша на социјалните мрежи, пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири.
Тој вели дека Зоран Заев ќе се врати на премиерската фотеља по 12 април и уште долго ќе ја води земјата напред.