ЗЕЧЕВИЌ : ПАТРИОТИЗАМ НА НОВОТО ВРЕМЕ Е ИНТЕГРАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ВО ЕВРОПСКИОТ

0
451
Борбата на сегашните македонски генерации е политичка борба за интеграција на нашиот уникатен македонски идентитет во европскиот, порача верчерва во Скопје генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ од партиската трибина „Силно и одлучно кон иднината“.
-Ова е времето кога ја зокружуваме државноста со нејзино издигнување на повисоко ниво, целосно етаблирана на светската мапа на суверени држави, рамноправна како нераскинлив дел од европското семејство! Ние имаме голема патриотска должност – да ги детерминираме и да ги поставиме новите магистрали, новите столбови врз коишто ќе почива иднината на Европска Македонија. Тоа е новото време и новата реалност. Тоа е современиот патриотизам за Европска Македонија!  Ние мора да сме на големата маса кога се креираат новите политички доктрини.  Македонецот не смее да ги повтори грешките од минатото други да решаваат за неговата судбина и за неговата иднина, рече Зечевиќ.
Низ трновитата македонска историја, многу страдања и премрежиња се поминати, многу животи дадени, многу огништа згаснати, судбини  уништени, огромни жртви се дадени низ македонската историска епопеја, потсети Зечевиќ.
-За тоа, сите треба да бидеме свесни: не смееме да си го дозволиме луксузот и да ја пропуштиме шансата што ја имаме како нација во овој нов историски моментум, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.