ЗЕЧЕВИЌ : ОД ПРИЛЕП ОДЕКНА ЖЕНСКАТА СИЛА, МОЌ И ОДЛУЧНОСТ

0
530
Одовде од Прилеп одекна женската сила, моќ и одлучност, порача денеска генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски на Маршот по повод 8 март во организација на Форумот на жени на СДСМ.
„На овој ден, уште еднаш ја потенцирам суштинската важност од женскиот активизам во Форумот на жени на СДСМ. Ја потенцирам вашата клучна улога во мобилизацијата на најдоброто од нас!
Ве повикувам со вашиот изострено чувство за политика, за развој и напредок, да дадете нов импулс во нашите партиски организации, во нашиот партиски живот. Вдахнете нова енергија! Затоа што вие сте јадрото, на семејството, на заедницата, на македонската социјалдемократија!
На крајот, ќе ве замолам една работа: Во трката со живот, во борбата за родовата еднаквост, во секојдневните мали и големи битки, да останете такви какви што сте – женствени и горди! Суптилни и свои“ порача Зечевиќ.
Генералниот секретар во свое и во име на партијата се заблагодари  на плејада силни жени, мудри политичарки, стамени државнички, грижливи сопартијки, неуморни работнички, бесценети другарки, за нивниот придонес во сите овие предизвикувачки години во создавањето на подобри политики, во креирањето на подобро македонско општество.
„Ви благодарам затоа што во СДСМ секогаш имало силни жени – како по правило, а не како по исклучок! Ви благодарам затоа што во СДСМ жените никогаш не биле статистички бројки, туку – силни личности! Жените дадоа, даваат и ќе даваат значителен придонес во секој аспект на општеството, од политиката и науката, до културата и уметноста“ истакна Зеќчевиќ