ЗЕЧЕВИЌ ОД ОХРИД : СИЛАТА НА ДУХОВНОТО РАЃАЊЕ ШТО ХО НОСИ ВОДИЦИ И ВЕРБАТА ВО НОВАТА НАДЕЖ НЕКА БИДАТ НАША ЗАЕДНИЧКА ПОТКРЕПА ДА СОЗДАДЕМЕ ПОДОБРА ИДНИНА

0
234
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, и организацискиот секретар Митко Трајчулески денеска присуствуваа на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици заедно со граѓаните на Охрид.
Зечевиќ им го честиташе празникот на сите православни христијани.
„Ви го честитам големиот празник Богојавление – Водици и ви посакувам добро здравје, спокој и благосостојба.
Силата на духовното раѓање што ја носи овој голем празник и вербата во новите почетоци што создаваат нова надеж нека бидат наша заедничка поткрепа да успееме, да истраеме, да бидеме сплотени и да создадеме подобра иднина за сите наши граѓани, за целиот наш народ.
Бог се јави! За многу години Водици!” истакна Зечевиќ во честитката.