ЗЕЧЕВИЌ ОД БРВЕНИЦА :ДРЖАВНОСТА СЕ ЗАОКРУЖУВА СО ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО

0
470

Државноста се заокружува со целосна интеграција во европското семејство, кога ќе се етаблираме на светската мапа на рамноправни држави со сета наша посебност и македонски идентитет интегриран во европскиот, порача вечерва генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на состанок со партиски членови и симпатизери во Брвеница.

-Македонските социјалдемократи секогаш ги носеле тешките одлуки во тешките времиња, за државата и нејзината иднината. Така е и сега. Ова е времето или подобро бремето, кога ја зокружуваме државноста преку процес на интеграција, кога целосно се етаблираме на европската и светска мапа на рамноправни држави, како нераскинлив дел од европското семејство, со сета наша посебност и идентитет. Тоа вистински патриотизам, затоа што овие интеграциски процеси ни ја определуваат иднината како нација, како држава, како идентитет, како јазик, како црква. Ги затвораме сите болни прашања за Македонецот да биде свој на своето во големото семејство на европски државотворни народи, рече Зечевиќ.