ЗЕЧЕВИЌ : НЕМА ДА ИМА КОМПРОМИСИ ЗА ИДНИНАТА, КАКО БУЛДОЖЕР ЌЕ ГО ПРЕГАЗИМЕ СЕКОЈ ШТО ЌЕ СЕ ПОПРЕЧИ НА ТОЈ ПАТ

0
704
Генералниот секртер на СДСМ, Миле Зечевиќ вечерва од трибината „Силно и одлучно кон иднината“, порача дека СДСМ нема да прави компромис за иднината, дека е одбран патот на просперитетот.
„Наместо да лелекаме над судбината, сами да ја креираме. Заедно, со кренати глави, горди, достоинствени и обединети да го креираме современиот наратив на новата европска Република. Ние го одбравме патот на просперитетот, на иднината, на Европска Македонија во европското семејство. Рамноправна, достоинствена, силна, рамо до рамо  со сите национални обележја за коишто мечтаеле генерации и генерации Македонци“ порача Зечевиќ.
На овој наш пат, додаде генералниот секретар, се сретнуваме и ќе се сретнуваме со пречки кои често изгледаат непремостливи, најчесто на штета на партискиот рејтинг.
„Не беше воопшто лесно. Нема да биде лесно и понатаму. И нема да печалиме дневнополитички поени. Ние тоа го знаеме и никогаш не калкулираме! Но, нема да има компромис за иднината! Како булдожер ќе го прегазиме секој кој што ќе се попречи на тој пат“ порача Зечевиќ на трибината во Скопје.