ЗЕЧЕВИЌ НА СОСТАНОК НА ГЕНЕРАЛНИТЕ СЕКРЕТАРИ НА ПЕС ВО ЛОНДОН : СДСМ Е РАМО ДО РАМО СО ЕВРОПСКИТЕ СЕСТРИНСКИ ПАРТИИ

0
213
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски учествува на меѓународен состанок на генералниите секретари и шефови на кампања на сите членки на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) којшто се одржува во Лондон, Велика Британија.
Во неколку работни сесии, на ниво на генерални секретари, се разговара за стратешката поставеност на прогресивните политички партии и политики на членките на ПЕС, за кампањата на ПЕС за претстојните европски избори, а се анализираат и примерите од кампањите минатата година како онаа во Шпанија.
Претседавач на работниот состанок е Џакомо Филибек, извршен генерален секретар на Партијата на европските социјалисти. Домаќин е Лабуристичката партија, извесен победник на изборите во Обединетото Кралство, којашто исто така е дел од ПЕС.
-СДСМ како прогресивна и државничка партија е рамо до рамо со своите европски и сестрински партии. Цврсто веруваме дека социјалдемократските политики се одговор на сите современи предизвици, политички и економски, на нашите општества, но и на Европа. Социјалната правда, еднаквоста, инклузивноста, демократијата и одржливиот развој се суштествени за економска благостојба на граѓаните. Европската идеја и политиките за македонска интеграција во големото европско семејство се политики на европски вредности, но и економски просперитет, подобар животен стандард. Затоа продолжувањето по европскиот пат, до полноправно членство во ЕУ е одговорно и државничко. Ние вредносно припаѓаме во ЕУ, нашата иднина е во Европа. Очекувам силната поддршката на ПЕС да продолжи интензивно и во наредниот период, рече генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски.
ПЕС е силен поддржувач на реформите, социјалдемократските и европски политики кои го менуваат општеството и ја водат земјава напред.
Размената на искуства и анализите на изборните кампањи во земјите од Европа, како и за европските избори се значајни за СДСМ во пресрет на кампањите за парламентарните и претседателските избори оваа година.
На состанокот посебно внимание е одвоено за разоткривање на дезинформаците и екстремно десничарските алатки кои се злоупотребуваат за време на изборни процеси, во соработка и со поддршка на Центарот за американски напредок.