ЗЕЧЕВИЌ ВО КОЧАНИ : НА ДЕЛАТА И ВРЕДНОСТИТЕ ОД НОБ ГО ТРАСИРАМЕ ПАТОТ КОН ЕУ, ТОА Е СОВРЕМЕНИОТ ПАТРИОТИЗАМ

0
706

Генералниот секретар Миле Зечевиќ попладнево ги продолжи интензивните теренски активности на средби со членови и активисти на СДСМ од општинската организација во Кочани.
Зечевиќ порача дека СДСМ, како партија која почива на вредностите од НОБ, е посветена на обезбедување на европската иднина на државата во кој македонскиот јазик и идентитет е рамноправен со останатите во Европската унија а македонскиот народ рамноправен и рамо до рамо со државотворните народи на Европа.

– Токму во Кочани, во градот на моите предци и македонски корени, со гордост зборувам за вредностите на НОБ и делата на македонските великани кои се бореле за слободна и признаена македонска земја. Тие дела, тие вредности на НОБ се пресликани во државничките одлуки на СДСМ за иднината на земјата. Современиот македонски патриотизам е да станеме рамноправен член на ЕУ, за нашите млади македонски генерации да не ги напуштаат своите огништа за да живеат и создаваат во ЕУ, туку нивните родни македонски места да станат дел од Унијата.

На тој европски пат ќе има пречки, затоа е неопходно општествено и национално обезбедување. Повикувам на семакедонско обединување за суштинското прашање за македонската иднина, за европската перспектива на младите., порача Зечевиќ.