ЗЕМЈИТЕ ОД НАТО И ЕУ ЈА УНИШТИ ВОЕНО – ПОЛИТИЧКАТА ДИМЕНЗИЈА НА ОБСЕ, ОБВИНИ ЛАВРОВ

0
221

Земјите од НАТО и ЕУ ја уништија воено-политичката димензија на ОБСЕ, истакна шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на пленарната седница на ОБСЕ во Скопје. Тој нагласи дека Организацијата е во лоша состојба и дека била уништена уште во 1999 година.„Во 1999 година, НАТО изврши нескриена, брутална агресија врз Југославија, членка на ОБСЕ и ОН. И во 2008 година, кршејќи ја резолуцијата 12 44 на Советот за безбедност на ОН и принципот на неповредливост на границите во Европа од завршниот акт на Хелсинки, на Србија и беше одземено Косово без никаков референдум“, посочи Лавров.

Ја обвини Европа дека има проблем со фактографијата и со објективноста и дека заклучоците што ќе се усвојуваат на ОБСЕ овие два дена се подготвени однапред.
Лавров ги спомена и санкциите што Западот и ги воведе на Русија.„Во обид да ја урнат руската економија, САД и нивните европски сателити воведоа илјадници санкции кон Русија, ставајќи крај на широката практична соработка меѓу Истокот и Западот во нашиот некогаш заеднички регион“, рече тој и предупреди дека Молдавија е следната жртва во хибридната војна на Западот против Русија.