ЗЕЛЕНСКИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ ПРЕКИНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО РУСИЈА

0
588

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа прес-конференција во Киев во подземната метро станица.

Тој изјави дека Киев ќе ги прекине разговорите со Москва доколку Русија го уништи украинскиот народ во Мариупол и одржи „псевдореферендуми“ за создавање „псевдорепублики“ во областите окупирани од Русија, објави „Ројтерс“.

Зеленски нагласи дека не се плаши од средба со рускиот претседател Путин.

„ Немам право да се плашам бидејќи нашиот народ покажа дека нема страв“, рече тој и додаде дека Украина ќе ги врати сите делови од територијата окупирана од Русија и дека ќе биде во состојба на воена готовност во годините по војната, како и Израел.

Тој уште еднаш се врати на средбата со Путин и рече: „Морам да се сретнам со претседателот на Руската Федерација“.

Запрашан од новинарите дали треба да му се суди на Путин, тој рече: „Дали сакам да му се суди? Не дека го сакам тоа, но сите што ги издадоа тие срамни наредби, сите ќе одат на суд, убеден сум. Ќе бидат потребни години, но ќе почекаме. Ако јас и мојата генерација не го доживееме ова, нашите деца ќе живеат доволно долго за да го искусат тоа“ порача Зеленски.

„ Ние немаме друг избор освен да се бориме за нашата земја и да ја вратиме назад. Не размислувам за никаква алтернатива“, рече тој на крајот.