Шефот на кабинетот на украинскиот лидер, Михаил Подољак, изјави дека Киев нема да се извини за расправијата меѓу Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, јавува „„Зеленски беше апсолутно во право и по прашањето на формата и на содржината, се обидуваше да им го објасни на своите американски партнери клучното – дека ништо не може да се постигне без притисок врз Русија“, рече Подољак.
Тој исто така рече дека не е можно да се постигне позитивен резултат ако сметате „исклучиво на добрата волја на Москва“.
Затоа, нема да се извиниме за потенцијална грешка, која не се случи“, заклучи Подољак. Зеленски се сретна со Трамп во Белата куќа на 28 февруари. За време на разговорот во присуство на новинари, дојде до расправија, при што Трамп му кажа на Зеленски дека не ги почитува САД, а потпретседателот Џеј Ди Венс истакна дека Зеленски заборавил да му се заблагодари на Вашингтон за поддршката за Киев.
Прес-конференцијата по нивната средба беше откажана, а потпишувањето на договорот за минерали меѓу Украина и САД не се одржа, пренесува „Спутник“.
Трамп потоа на социјалната мрежа Вистина објави дека Зеленски покажал непочитување и неподготвеност мирно да го реши украинскиот конфликт.