Зекири: Очекуваме 6 мандати во шестата изборна единица, ќе се бориме за седмиот

0
103
Задоволни сме од излезноста, тоа е во рамки на нашите проекции и не се сомневаме во победата, вели потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири. Тој на Телма посочи дека очекуваат да освојат до 40.000 гласови од вкупно 125.000 гласови во шестата изборна единица.

-Во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ за малку, по прегласувањето во Теарце, освои 4 мандати, еден повеќе од нас. Сега имаме нова ситуација, турската партија со 5.000 гласови е со нас. Тука е и новата вредност со БЕСА, која најдобро стои во шестата ИЕ – посочи Зекири.