Зекири: Да ја искористиме шансата, да заокружиме ЗА, за повеќе инсвестиции, за европска Македонија

0
338

Почитувани граѓани, пријатели,

За еден месец имаме историска можност да ја обезбедиме европската иднина на нашата заедничка татковина, како рамноправен дел од ЕУ и НАТО.

Со влезот во НАТО остваруваме стратешки интерес – Македонија да биде дел од демократскиот развиен свет, рамноправен член на најмоќните светски сојузи.

Членството во НАТО гарантира безбедност и стабилност на граѓаните и трајна заштита на границите.Пристапниот процес за членство во ЕУ значи економски развој, и зацврстување на правната држава.

Нашето членство во НАТО и ЕУ обезбедува повеќе пари, размена на искуства, полесен пристап до нови знаења и технологии. Со членството значи и зголемена стабилност и доверба во македонската економија. Тоа значи повеќе инвестиции, нови работни места и повисок животен стандард за сите.

Во изминативе 6 месеци, имавме рекордно остварени инвестиции. Странските директни инвестиции достигнаа 327 милиони евра за шест месеци. Вицепремиерот Анѓушев вели дека тоа е за 218 проценти повеќе од просекот во последните три години. Инаку лани за целата година вкупни странски инвестиции изнесуваа 227 милиони евра.

Овој позитивен развој се должи на економските политики на Владата, како и на издадената покана за члество во НАТО, и најавата за почеток на пристапните преговори за ЕУ.

Затоа, како одговорни граѓани кои се посветени на доброто за нашата држава, потребно е да се обединиме околу најважното прашање.

Да ја искористиме оваа историска шанса. На 30 септември да заокружиме ЗА влез во НАТО и ЕУ, да заокружиме ЗА европска Македонија.