Здраво курири, новински куртони и останата багро, да ви објаснам некои работи!

0
1334

Бев трпелив и чекав цели 24 часа, да видам што лајна ќе изедете, откако ја објавив мојата дозвола за носење и поседување оружје. Ме обвинивте дека дозволата била „неважечка“ и дека, по таа логика, моето оружје го поседувам „нелегално“, за што ми следувало (замислете!) дури и затворска казна до 5 години. Се разбира, денеска ги допроверив фактите. За ваша жал, ситуацијата е следнава:

gero1

Точно е дека се донесени нови прописи, кои предвидуваат промена на обрасците и на условите за стекнување дозволи, според кои сите стари дозволи треба да се заменат со нови (стекнатото право е трајно и не се засега!). Но, поради извесни околности, примената на прописите била одложена до 2017 година. Според тоа, мојата „стара“ дозвола (и сечија друга таква) е ПЕРФЕКТНО ЛЕГАЛНА до 2017 година. Во меѓувреме, во предвидената процедура, таа ќе биде заменета со нова.

Сите тврдења дека дозволата ми е „неважечка“ и дека оружјето го поседувам „нелегално“ се смислени, курирски лаги!!! Онака како што се напишани од новинарските куртони, овие лаги се јавно изречени клевети, а содржат и елементи на кривичното дело „лажно пријавување“. Се разбира дека немам намера да ги тужам кретеноидите, бидејќи, како што е познато, од тоа нема никакво фајде.

Што се однесува до душегрижниците и оние што се впуштија во лажно морализирање на темава, сакам да им повторам дека како возрасен човек и родител, согласно со законските прописи во мојата земја, имам право, но и обврска – обврска!!! – да ги искористам сите расположиви законски можности и средства за да ја сочувам сопствената лична сигурност, како и сигурноста на моите најблиски. Не ми е прв пат да сум напаѓан и да сум бил под закани. Досега во два наврата сум ги искористил законските можности да поднесам кривични пријави поради смртни закани кон мене лично и кон моите деца. За тоа е сведок целата македонска јавност. За жал, моите пријави завршија без никаков резултат.

И во иднина ќе продолжам да ги користам СИТЕ законски можности за заштита на животот и личната сигурност, вклучувајќи ја и законската можност својата лична сигурност да ја штитам и во согласност со прописите кои го регулираат поседувањето и носењето оружје. Моето оружје пред деценија ипол го користев само за спортски намени, на стрелиште, во контролирани услови. Посакувам никогаш да не ми затреба за било што друго. Посебно поради фактот што никогаш никого физички не сум нападнал, ниту сум замерен со кого било, ако не се сметаат замерките на куртоните и психопатите, кои моите политички ставови ги сметаат за закана за нив самите.

Ете, тоа се фактите. Моите законски и природни човекови права не се закана за никого. Ако некој тоа така го доживува, тоа е негов проблем. На таквите јавно им порачувам – кој ве ебе, будали едни!

Бранко Героски, фб статус