Здравко Савески: Ни го продолжија куќниот притвор за 30 дена – Браво бе, многу сте јаки!

0
785

„Ни го продолжија куќниот притвор за 30 дена, сметано од денес. Браво бе, многу сте јаки“, објави Здравко Савески, попладнево на својот фејсбук-профил.

Освен на членот на Президиумот на Левица, Здравко Савески уште и на двајца демонстранти приведени по протестите во Скопје против одлуката за аболиција на функционери и нивни блиски соработници донесена од  претседателот, Ѓорге Иванов им е продолжен куќниот притвор за нови 30 дена.

На тројцата судот првично им одреди по осум дена куќен притвор.