ЗГРАДАТА НА МНР ОСВЕТЛЕНА ВО БОИТЕ НА САД, ОСМАНИ ОБЈАСНИ ЗОШТО

0
966

Вечерва зградата на Министерството за надворешни работи, беше обоена во боите на знамето на САД. Тоа е поради одбележување на 26 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу САД и Северна Македонија.

„Денес одбележуваме 26 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД.

По тој повод, ја изложивме Декларацијата за стратешко партнерство заедно со знамињата на двете земји и ја осветливме зградата на Министерството за надворешни работи во боите на американското знаме.

Високо ја цениме континуираната поддршка на САД за остварување на нашите стратешки цели и остануваме посветени на заложбата за зајакнување на стратешкото партнерство и унапредување на билатералните односи и соработка меѓу двете земји.“, напиша Османи.